„Албанија ги почитува другите држави и постоечките граници“

Целосно го почитуваме суверенитетот на другите држави и постоечките граници, а сите други идеи и расправи на темата за промени на границите ги сметаме за обични шпекулации, изјави албанскиот амбасадор во Црна Гора Тонин Беќи. 

Беќи го коментираше пишувањето на медиумите за започнување иницијатива за создавање „природна Албанија“, која ќе ги обедини сите Албанци во голема држава.

- Нема да ги коментирам идеите, мислењата, ниту проектите кои ги разгледуваат приватни лица и групи индивидуи, бидејќи за остварување на нивните идеи не постои поддршка од јавното мислење, истакнува Беќи, додавајќи дека стремежот на луѓето од Албанија и Албанците во регионот е европската интеграција. 

26.08.2013 - 09:43