ВМРО-ДПМНЕ: Паркирањето во Центар не е бесплатно

 

СДС Центар уште еднаш бесрамно ги лаже жителите на Центар дека има бесплатен паркинг, стои во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесува на изјавата на Дејан Jовановски.

-Паркирањето во Центар не е бесплатно како што тоа се обидува тоа да се прикаже во јавноста. Доволно е да се отвори страницата на ПОЦ и сите ќе можат да го видат ценовникот за наплаќање. Она што го ветува кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Дејан Јовановски е целосно ослободување на овој надоместок додека планирано е и ревидирање на другите ценовници. Исто така планирано е паркирањето да важи и на затворените паркинзи како и во катните гаражи кои се под ингеренции на општина Центар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од партијата истакна дека Дополнително ќе се направи договор со Град Скопје каде што Општина Центар ќе сувенционира дел од трошоците за користење и на катните гаражи кои се наоѓаат во централното подрачје се со цел жителите на Центар да можат да ги користат овие поволности.

-Саша Богдановиќ со парите од граѓаните не изгради ниту едно ново паркинг место и само еден монтажен паркинг. Останатата цела инфраструктура, паркиралиштата, катната гаража, монтажниот паркинг во Капиштец па дури и куќарките каде што се сместени вработените на ПОЦ се изградени уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Парите од Центарци, Богдановиќ ги искористи за вработување и партизирање на ПОЦ. Жителите на Центар не добија ниту поквалитетна ниту подостапна услуга. Овие лоши политики мора да престанат. Казната ќе стигне на 15-ти Октомври, потенцираа од партијата.

 

 

 

29.09.2017 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега