Јаневски: Во Струмица ќе изградиме Дом за стари и Центар за целодневен престој на деца
Со прераспределба на човечките ресурси во администрацијата, со воведување на флексибилно работно време, двосменско работење, електронски систем на услуги и мобилни канцеларии во населените места ќе овозможиме поевтини, побрзи и поквалитетни услуги, вети кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и Коалицијата, Коста Јаневски на денешната прес-конференција.
- Струмица беше лидер во партиципативниот пристап во носењето на буџетот. Преку собирите во месните и урбаните заедници и форумите на заедницата, граѓаните беа активно вклучени во креирањето на локалните политики. Заедно се утврдуваа приоритетите и се реализираа проектите, рече Јаневски.
Тој најави дека ќе останат отворени за идеите, предлозите,
- Ќе изградиме Дом за стари лица, нова детска градинка, Центар за целодневен престој на деца од 6 до 10 години, Дневен центар за деца со посебни потреби, поддршка и помош за најзагрозените семејства, ќе воведеме јавен превоз. Ќе ги поддржувам и поттикнувам сите демократски механизми како петиции, преставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани, референдуми во интерес на граѓаните на општина Струмица, рече Јаневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа