Мисајловски: Ѓорче Петров се гордее со спортскиот бисер Андреј Стојаноски, ќе ги поддржиме вистинските шампиони

 

Ѓорче Петров се гордее со македонскиот спортски бисер Андреј Стојаноски, пишува кандидатот за градоначалник на Општи Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски кој посочи дека општината ќе ги поддржува младите спортисти кои постигнуваат високи врвни резултати.

-Младиот и скромен Андреј плива веќе 15 години , но не го слуша звукот на водата. 22 годишниот Андреј Стојаноски соборува светски рекорди, има три спортски оскари, над 250 медали и награди, и беше вицешампион на Светското првенство во пливање за лица со оштетен слух во 2015 година. Андреј во континуитет постигнува високи спортски резултати во пливањето, кои се вреднувани од државата. Тој е носител на стипендија од АМС од светска категорија. Ѓорче Петров ќе им помогне на младите спортисти кои постигнуваат високи врвни резултати! Ѓорче Петров ќе ги подржи вистинските шампиони, пишува Мисајловски на социјалната мрежа Фејсбук.

 
 

 

 

29.09.2017 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега