Трајковски: Поддршката од граѓаните ми е мотив да продолжам да работам

 

Мотивот за да продолжам понатаму е затоа што граѓаните навистина во изминатиот период ми дадоа поддршка во делот на заедничка реализација на проектите. Голем дел од проектите ги работевме долг период, но благодарение на заедничката соработка успеавме да сработиме повеќе од тоа што ни беше планирано, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски, кој гостуваше во „Алфаскоп“.

-Воедно, нашата партија има добра процедура пред секоја кандидатура прави анкета меѓу граѓани, а тие и овој пат ја дадоа поддршката повторно да се кандидарам. Тоа ми е мотив да заеднички продолжиме и понатаму. Реализиравме голем број на проекти, имаме проекти кои се тековни и верувам дека она искуство кое досега го имам ќе ми помогне во следните четири години да реализираме уште повеќе заедно со жителите на општина Гази Баба, вели кандидатот за градоначалник.

Трајковски вели дека имале голем број на предизвици, но најголемиот бил санацијата по големата елементарна непогода.

– За многу кратко време, голема штета за огромна територија на Општина Гази Баба, околу 30.000 жители беа зафатени, 5.000 домаќинства, третина од територијата и посебно сум горд што успеавме сите. Најголемиот предизвик беше нормализирање на ситуацијата по елементарната непогода, каде покажавме дека тимски можеме и во краток временски период да ја нормализираме состојбата. Сега уште има таму активности, но се работи на тоа да има ушпте подобри услови од оние пред елементарната непогода, вели Трајковски.

 
 

 

 

29.09.2017 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега