Шилегов: ГТЦ ќе остане отворен и ќе добие зелен покрив

 

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, во својата предизборна кампања ветува дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните и ќе го остават автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ).

- ГТЦ бил изграден за да биде отворен, таков и ќе го направиме. Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години. Создаваме нов јавен градски простор со содржини кои ќе ги вратат луѓето во ГТЦ.Овозможуваме задолжителен пристап со лифтови до кровот, со тоа им помагаме на дуќанџиите да ги вратат муштериите во ГТЦ – рече Шилегов.

Тој уште еднаш ги повтори другите изборни ветувања дека ќе создадат отворена, услужна и ефикасна администрација и ќе ги почитуваат сите граѓански иницијативи, петиции, претставки и референдуми.

 

 

 

29.09.2017 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега