Чадиев: Во Велес ќе изградиме 4 нови кружни текови

 

Добри сообраќајни решенија, подобар поток на возилата и побезбеден сообраќај.  Ова се многу важни прашања за секој граѓанин на Велес, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Велес, Славчо Чадиев.

Тој најави дека во изборната програма предвидува решение.

– Ќе изградиме 4 нови кружни текови.  Потребата од нив е голема. Само така на неколку места кои се детектирани како црни точки ќе се намали сообраќајниот застој во ударните термини кога најголем дел од граѓаните одат и се враќаат од своите работни места. Во моментов сме на крстосницата помеѓу улиците „Благој Ѓорев”, „Оливер Китановски” и „Наум Наумовски – Борче”, крстосница која велешани популарно ја нарекуваат „Панини“.  Изградбата на овој кружен тек е прв приоритет. Тука имаме најголем сообраќаен метеж. Затоа е потребно што побрзо тој да се направи. Истовремено освен овде предвидуваме изградба на кружни текови кај „Круг“ и на крстосницата каде сега се лоцирани семафорите. Вака регулираниот сообраќај, се очекува значително да растерети сообраќајот во овој дел на градот, а движењто на возилата да се одвива без никакви застои. Кружно движење на сообраќајот на овие крстосници е понудено решение од реномирана компанија која изработи сообраќајна студија за Велес, истакна Чадиев.

Тој потенцира дека за да се зголеми безбедноста на крстосницата каде што е поставен споменикот на Алексо Демниевски – Бауман предвидена е изградба на кружен тек.

-Со овој проект се предвидува проширување на коловозот со уште една лента од кружен тек авона до Трговскиот центар а со тоа и воведовуње на двонасочен сообраќај и изградба на кружен тек на местото на постојниот триаголник каде што е поставен споменикот на Алексо Демниевски Бауман. Освен во централното градско подрачје. Предвидуваме изградба на кружен тек на влезот во Велес кај Башино Село. Реализација на проектот произлегува од зголемената опасност за сообраќајни незгоди, имајќи ја во предвид локацијата на која се вкрстуваат регионален и локален пат, што впрочем претставува главен влез и излез од градот за сите товарни возила. Изградба и регулирање на сообраќајот со кружни текови се пректикува насекаде низ Европа. Ваквите сообраќајни решенија кои ги нудиме се според сите стандарди и убедени сме дека претставуваат решение за подобар проток и зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот. Убенени сме дека и граѓаните на Велес го го знаат и препознаваат, истакна Чадиев.

Тој порача дека на 15-ти октомври велешани ќе дадат подршка за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и за продолжување на проектите.

 

 

 

29.09.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега