Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ води работи на реални и остварливи политики кои што значат напредок на целата држава

 

На градоначалникот на Вевчани Угриновски му посакувам и во иднина соработка, помош и поддршка од вас, народот за да листата на советници добие целосно мнозинство и тоа мнозинство да му биде стабилна основа за да може она што го кажа како отчет да го работи и во следниот период за доброто на општината, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМННЕ вечерва од митингот во Вевчани.

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија нудат човек за општина Вевчани кои што добро го познавате и истиот има големо искуство како и животно така и општинско, административно и политичко. И затоа со градоначалникот Угриновски општината Вевчани останува во сигурни раце, раце на развој, безбедност, преспектива и отворање на можности за цела општина, вели Милошоски.

 

Тој истакна дека градоначалникот бил пример за тоа како навистина се залагал, борел и инсистирал за своите проекти.

Генерално кога зборуваме за политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажам една работа, ние водиме политика на работи кои што се реални и остварливи и кои што значат напредок на целата држава., а не водиме политики на шпионирање, омаловажување од кого и да е и гледаме довербата од граѓаните да ја оправдаме со дела. Најголемиот товар кои што ни беше зададен ни беше бројката од 38 проценти на невработеност во 2006 година, успеавме да стигнеме до 22,6 проценти сега, затоа сум сигурен дека Република Македонија има можност да се надева дека ќе биде на правиот пат, рече Милошоски.

 

 

 

28.09.2017 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега