Орбан: Застанувам зад Груевски поради тоа што работи за интересите на својата земја (ВИДЕО)
И во иднина ќе застанувам покрај господинот Груевски, бидејќи е политичар кој пред се и пред себе ги држи интересите на нацијата и неговата татковината. И решително настапува да ја заштитува својата држава, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференција во Охрид.
Денеска во Охрид средба остварија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, премиерот на Унгарија Виктор Орбан и поранешниот премиер на оваа држава Јанез Јанша. Орбан потенцираше дека Никола Груевски е политичар кој пред се, дури и пред себе ги става интересите на својата нација и својата татковина. Тој напомена дека тука е дојден од три причини.
Тој кажа дека причината зошто одлучиле да го примат Груевски во нивниот клуб заедно со Јанез Јанша, е тоа што тој и Јанша се такви европски политичари кои што веќе имаат и добиено и загубено избори.
-Во Европа има многу мал број на водачи на партии кои и после изгубените избори ја продолжуваат нивната работа и водењето на нивната партија и служат на нивната држава. Би можел да ви кажам безброј примери, кои некогаш беа лидери на некои европски држави, а сега се членови на големи економски консерни, работат во бизнисот и господинот Јанез Јанша е еден од таквите лидери, кои заедно со мене остануваме да и служиме на нашата држава, и кога е сончево и кога врне дожд. Многу ни е драго што и господинот Груевски реши и по претходните парламентарни избори реши да остане, од позиција на опозиција да и служи на сопствената татковина и јас можам само да честитам за тоа и му посакувам многу успеси тоа, изјави Орбан.
Орбан кажа дека третата причина што е овде е да разговара за текот на кампањата.
-Јас како премиер на Унгарија, не можам да се мешам во изборна кампања во Македонија, но би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија, дека за нас таа е една многу важна држава и затоа изборите тука се воедно и европски избори. Границите на Европа не се поставени, таму каде што се поставени културните граници на Европа и затоа Република Македонија е дел од Европа и покрај тоа што не е членка на ЕУ, изјави Орбан.
Тој ја потврди поддршката на Унгарија за Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Тој се осврна и на проблемите со мигрантите, кажа дека правецот по кој во Европа треба да пристигнат десетици милиони мигранти е Балканската рута.
-Најновите студии на НАТО покажуваат дека до 2020 година, околу 60 милиони лица од Африка ќе тргнат во насока на Европа и затоа е многу важно и клучно прашање за безбедноста на Европа, затварањето на западно балканскиот мигрантски правец и тука Македонија има клучна улога. Затоа Македонија прифатила да изврши затварање на тој правец и затоа го замолив Груевски да Македонија стори се што е можно да ја спречи таа преселба на народите на повеќе десетици милиони луѓе во насока на Европа, изјави Јанша.
Тој напомена дека доколку оваа група на луѓе поминат низ Европа во наредните години, условите за живот во државите радикално ќе бидат променети.
-Ние сметаме на Македонија во борба против таа наезда и затоа секогаш застанував, а и во иднина ќе застанувам покрај господинот Груевски, бидејќи е политичар кој пред се и пред себе ги држи интересите на нацијата и неговата татковината. И решително настапува да ја заштитува својата држава од оваа најавена преселба на народите, изјави Орбан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа