Јанчев: Општината ќе биде во функција на граѓаните, со проектот „Мој општинар“ проблемите на кавадарчани ќе се решаваат на време

Кавадарци е едно мало место, од каде потекнувам, и мислам дека вистински момент е да дојде човек кој ќе го води на едно повисоко ниво и на подобро ниво. Како бизнисмен, не сум политичр, но мислам дека за општината можам да направам многу подобра стратегија и план со тоа што граѓаните и компаниите во Кавадарци ќе добијат многу повеќе, вели кандидатот за градоналник за Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во гостувањето на ТВ Алфа.

-Општината е таа која треба да биде во функција на граѓаните, која треба да работи за доброто на граѓаните и да одговара на проблемите во даден момент. Секој проблем треба да биде решен на време. Ниту една општина нема направено систем каде граѓанинот уредно би пријавил некој проблем и да му биде одговорено и проблемот преземен од јавните претпријатија. Затоа предвидовме Кавадарци да го поделиме на повеќе региони, првично околу 15, а вработените кои ќе добијат специјална обука ќе бидат на терен. На нивниот терен, на регионот, ќе делуваат во интерес на граѓани. Тоа значи дека се што е под локална самоуправа, тие ќе ги согледуваат проблемите на терен, ќе ги евидентираат. Од 9 до 15 часот општинарите кои ќе бидат униформирани, ќе бидат на терен. Проблемите ќе се пренесуваат до надлежните јавни претпријатија и веќе следниот ден треба да има извештај дека работата е завршена, вели Јанчев.

 

Според него ова ќе биде првиот проект кој ќе биде спроведен во Општината по локалните избори.

 
 

 

 

28.09.2017 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега