Коњановски: Нашата работа ќе резултира со дела кои ќе донесат добро за сите битолчани
Кандидатот за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Битола, Тони Коњановски истакна дека со многу работа и труд ќе создадат дела за доброто на сите.
-На оваа листа се наоѓаат квалитетни луѓе, битолчани, кои цел свој живот активно и безрезервно работат и придонесуваат за Битола, за подобро утре, за подобра иднина. Цело наше искуство и знаење го вложувавме и ќе го вложуваме за реализација на квалитетни и успешни проекти од чии резултати бенефит ќе имаат сите граѓани. Помалку од тоа Битола не заслужува! Ова се луѓе кои носат успех, резултати и победа. Како професионалец кој целиот свој работен век сум го посветил на соочување со предизвиците и промоција на јавното здравје, една од моите главни заложби како советник во општина Битола ќе биде обезбедувањето тесна соработка на јавното здравје и локалната самоуправа. И тоа реафирмирање и непречено функционирање на Советите за јавно здравје со цел промоција и решавање на јавно здравствените проблеми во смисла на подобрување на санитарно хигиенската состојба посебно во училишните средини, проценка на нутритивниот статус кај училишните деца и ризиците кои ги носат неправилните начини на исхрана, проценка на ризиците по безбедноста на водата за пиење и овозможување на здрава вода за сите, презамање активности за подобрување на квалитетот на амбиеталниот воздух, соочување со предизвиците кои ги носат климатските промени во однос на контрола на вектропреносливи болести и слично. Ќе ја зајакнеме интерсекторска соработка во рамки на овие Совети и ќе се залагаме за усвојување на мерки и активности кои ќе ја зајакнат нивната улога а со тоа овозможување на поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани на општина Битола. Победата на локалните избори ќе ни овозможи нашето искуство и професионализам да го преточиме во работа и постигнувања од областа на здравството, здравствената заштита а граѓаните на Битола да добијат посовремени здравствени услуги. Ве уверувам дека посветеноста и ентузијазмот, со кои ние како Советници ќе ја извршуваме нашата обврска кон граѓаните, ќе резултира со мерливи дела, кои ќе донесат добро за сите, истакна Коњановски.
Тој порача дека советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, како и нивниот кандидат за градоначалник е опцијата која може и умее да понуди подобро утре за Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа