Коневски: Аеродром ќе добие Дневен центар за деца со пречки во развојот
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски денеска информираше дека еден од најзначајните проекти предвидени во неговата програма е првиот Дневен центар за деца со пречи во развојот.
-Во него тие ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот, со цел да се намали нееднаквоста предизвикана од социјалната исклученост. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните Дневниот центар ќе го изградиме наредната година, за што ќе обезбедиме 3 милиони денари од Буџетот на Општината, истакна Коневски.
28.09.2017 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа