ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Неготино и Кавадарци - СДСМ во Скопје
Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани во Студеничани и Сопиште, а митинзи во Кисела Вода и Аеродром, додека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Демир Капија, Градско и Росоман и митинзи во Неготино и Кавадарци.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) е на средби со граѓани во Шуто Оризари и Бутел. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа