ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер во Европа кој е фатен како бара мито
Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е фатен како бара мито од 200 000 евра од бизнисмен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– За тоа има јасни видео материјали кои можеше целата македонкса јавност да ги види, а кои претставуваат непобитни докази за тоа како Зоран Заев работел во Струмица и за тоа како планира да работи во цела Македонија. Ништо не може да го оправда за криминалот што го има направено Заев. Однесувањето на митаџијата Зоран Заев е срам за неговата партија, но и за цела Македонија. Тое ќе биде казнето на 15 октомври од граѓаните, стои во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа