Ивица Коневски: Жителите на Табак сити ќе добијат нови урбанистички планови
На денешната прес-конференција во населбата Табак сити, Ивица Коневски промовираме дел од предизборната програма за претстојните локални избори.
Она што верувам дека најмногу ги интересира жителите на овој дел од општината е донесување на три детални урбанистички планови за локалитетите Македонија Табак и Индустриска зона, изјави Коневски.
На тој начин граѓаните ќе можат да си ги остварат своите права за регулирање на станбените прашања и имотно-правните односи, особено на оние кои живеат во супстандардни услови.Со реализација на новите ДУП-ови ќе се овозможи изградба на нова инфраструктура и уредување и модернизација и на ова населено место во нашата општина, коешто се наоѓа толку блиску до центарот на градот.
Исто така, ќе обезбедиме средства од Буџетот на Општината и за изградба на нови линии за јавно осветлување за да блесне во нов сјај и оваа населба, додаде тој на конференцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа