ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија и рушење на нивниот стандард
Неспособната влада на Заев нанесе сериозни штети врз македонската економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на СДС е цунами за македонската економија. Ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија и рушење на нивниот стандард. Во Македонија престана да се збори за отворање на нови работни места. Алармантната состојба во која СДС ја доведе државата ја потврди и народната банка на Република Македонија. Пред да дојде на власт СДС ветуваше економскиот раст од 2,5 проценти а сега гледаме дека во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9%. СДС со своите катастрофални политики доведе до пад на прометот на индустријата за 0.7%, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека пад забележа и индустриското производство за цели 12%.
-Неодговорното работење на СДС го потврдува фактот што ја задолжија државата само по основ на аукции на државни хартии за 246 милиони евра, а притоа стопија и 177 милиони евра девизни резерви на државата. Околу 420 милиони евра потроши владата на СДС и Зоран Заев, а граѓаните од тоа не видоа никакво фајде. СДС како влада се окарактиризира со неспособност, расипничко трошење и доведување на државата кон банкрот. СДС не смеее да се повтори никогаш повеќе. Граѓаните тоа го видоа и ќе го казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа