Кандидатот за градоначалник на Куманово ја претстави изборната програма

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција ја претстави изборната програма. 

- Имаме програма со која ќе настапиме на овие локални избори како и досега. Разликата од сите наши конкуренти е што ние работиме посветено, ќе дадеме се од себе и своите зборови ќе ги претвориме во дела, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека во програмата со која настапуваат на изборите се опфатени главните определби по кои ќе работат, а меѓу нив ги посочи проектот за зелено Куманово и за локален економски развој. Ѓорѓиевски рече дека се планирани и проекти од инфраструктурата, културата, образованието, младите и спортот.  

- Во нашата програма за која ветуваме комплетна реализација во периодот од четири години ќе понудиме нова ера за Куманово, ново време за кумановци, рече Ѓорѓиевски на прес-конференција. 

 

 

 

25.09.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега