Претседателот на ФИДЕС: Европа треба да биде благодарна, бидејќи Македонија иако не е членка на ЕУ ги брани границите од мигрантите
Ако се постави прашањето зошто ние сме тука, тогаш одговорот ќе биде дека ние сакаме да помогнеме кандидатот за градоначалник да стане градоначалник, а кандидатите за советници да станат советници, истакна претседателот на ФИДЕС Гергеј Гујаш.
-Но имаме уште една подлабока порака за Македонија, тоа што е 8 септември 1991 година тоа е за нас Унгарците 2 мај 1992 година и пред скоро една четвртина од векот успеавме да ја вратиме назад нашата слобода и суштина на тоа е да се даде можност на унгарскиот народ во Унгарија и на македонскиот народ во Македонија сами да одлучуваат кои ќе ги претставува во нивните претставничките тела. И заради тоа ние и пред изборите и по изброите ги отфрламе сите влијанија кои не се прифатливи за нас, потенцираше Гујаш.
Тој вели дека Европа треба да е благодарна на нас бидејќи и покрај тоа што не сме членка на ЕУ ние ги браниме границите на ЕУ.
-Има држави кој што од дамна се членки на ЕУ, но не се спремни на тоа, на крајот им посакувам многу успех на сите кандидати и на Македонија и посакувам на самитот на ЕУ Унгарија да биде претставена од Виктор Орбан, а Македонија од премиерот Никола Груевски, рече Гујаш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа