Поддршка од Унгарија на митингот во Охрид: ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС се братски партии, членки на најголемата народна групација во Европа

 

Ние Унгарците и Македонците сме братски народи, ние сме браќа од причина што имаме скоро исти успеси во спортот и ракометот. Ви честитаме за победата на фајнлфор турнирот, истакна подпретседателот на пратеничката група на ФИДЕЗ Жолт Немет.

– Но ние сме братски народи и поради што тоа што знаме дека нас како народи ќе не зачува нашиот јазик, култура и нашето разбирање. Историјата не научи на тоа и доколку научиме да ја зачуваме историјата тогаш таа ќе го зачува и нашиот народ и затоа ја почитуваме македонската нација. Ние не сме само братски народ ние сме и соборци, бевме соборци кога требаше да се бориме против турската империја и кога требаше да се бориме против комунизмот, а сега се бориме против илегалната миграција. И денес 30 унгарски полицајци служат на јужната граница на Македонија и ви се заблагодаруваме што толку херојски ја продолжувате таа борба. И покрај тоа што ние сме братски народ ние и ФИДЕС и ВМРО-ДПМНЕ сме братски партии и сме членки на најголемата народна групација во Европа, тоа се народните партии, потенцираше Немет.

Тој истакна дека ние ја претставуваме Македонија во ЕУ и ние сме претставници на демократијата во ЕУ, а токму поради тоа ние сме надежта за евроатланска Македонија.

 

 

 

25.09.2017 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега