Трајановски: Направивме многу за намалувањето на загадувањето во градот Скопје
Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски учествуваше во дебата, со уште двајца кандидати за градоначалничкото столче, Марија Џонс од Левица и Ѓорѓи Тодоров од НДМ. Актуелниот градоначалник на Скопје, говореше за екологијата во градот Скопје. Тој кажа дека и Цементара и Железара ставиле филтри на фирмите, со што е намалено загадувањето од индустријата, со што сега тоа е трет фактор на загадување.
Коце Трајановски напомена дека сообраќајот секако дека еден од големите фактори кои влијаат на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух во градот Скопје, тој кажа дека поради тоа градот Скопје во изминативе години интензивно работеше и на инфраструктурата и на возниот парк.
-Сообраќајната мрежа е направена според ГУП-от, кој е стар можеби 20-30 години, сето она што го правиме го правиме согласно на тој ГУП, кој што и новиот ГУП кој што е направено, тие се потврдени сообраќајни кои што според мене не е целосно реализиран, треба да работиме на реализацијата на тие сообраќајни решенија.
Тој кажа дека треба да се сетиме како изгледал возниот парк на ЈСП, пред 2009 година, Трајановски напомена дека требало да се носат гас маски позади старите автобуси од ЈСП.
-Купени се нови 300 автобуси, кои што се по ЕУ стандард, понатаму ние предвидуваме и електрични автобуси, што е пример во Европа, кои собираат многу патници, а може да соберат повеќе од 250 километри со едно возење, изјави Трајановски.
Тој даде паралела доколку би се направила трамвај мрежа од Аеродром до Ѓорче Петров, тоа би чинело 180 милиони евра, а доколку се набават автобуси, тоа би чинело 20 милиони евра. Тој напомена дека треба да се подигне и свеста на граѓаните дека треба да се користи јавниот сообраќај, а не само да се користат автомобилте. Трајановски напомена дека била апликација и „Сподели сообраќај“ , каде што луѓе кои одат од иста населба одат во исто место на живеење, можат да ја користат таа апликација.
-Градот Скопје изгради велосипедски патеки во должина од скоро 30 километри. Четири рути, направивме студии, кои се рути треба главни да бидат, со што се зголеми бројот на луѓе кои користат велосипеди. Бидејќи претходно безбедноста беше под знак прашалник, но сега со патеките тоа веќе не е случај, изјави Трајановски.
Тој напомена дека ќе продолжи мерката на давање субвенции за велосипеди, мерка која досега ја искористија 2.500 луѓе, а според плановите во иднина треба да ја искористат 10.000.
Меѓу мерките кои треба да бидат спроведени во иднина е купување на електрични такси возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа