ДУИ ги промовираше кандидатите за градоначалници
ДУИ на одржаната партиска конвенција ги промовираше кандидатите за градоначалници. Во Скопје, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кандидатите ги повика да имаат достоинствена кампања, конкретни ветувања и да се залагаат за доброто на граѓаните. ДУИ на овие избори ќе се натпреварува во 18 општини. Ахмети пред кандидатите и симпатизерите рече дека програмата на ДУИ предвидува уште повеќе проекти на локално ниво.
“Чекорите кои се направени се за поздравување, како во насока на иницијативи или почеток на работите за прочистување на отпадните води или рециклирање на отпадот во градовите и населените места. Се уште има места каде е потребно нашето присуство, нашиот ангажман, нашата мобилизација и нашиот пристап“. – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа