ВМРО-ДПМНЕ: Стојаноски е обична марионета на Заев и Тунтев
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кадиадтот за градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски преку манипулативни изјави се обидува да ги излаже граѓаните на општина охриѓани. Од партијата велат дека тој нема никаква визија нити проекти како да создаде подобри можности за охриѓани.
Од најбројната партија во Собранието велат дека Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити и неговото недолично и скандалозно однесување како на факултетот така и во јавност.
-Така да попусти се неговите изјави за неговата наводна чесна мисија кога тој во тоа не може да ги убеди ни членовите на СДС во Охрид, а не пак останатите охриѓани. Тие се сеќаваат дека во време на владеење на СДС, Стојаноски како продекан за финансии трошејќи пари за скапи патувања, вечери и високи бонуси за неговите колеги беше виновникот за финансискиот колапс на Факултетот за туризам и угостителство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека охриѓани нема да дозволат истото да се случи со нивната општина.
-На охриѓани им е повеќе од јасно дека Јован Стојаноски е ништо повеќе од обична марионета на Зоран Заев и Томислав Тунтев кои преку него сакаат да ја земат општината во свои раце и да ја уништат како што тоа се случуваше во времето на Александар Петрески кој остави долг од над 50 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека граѓаните на Охрид ја препознаа расипничката политика на Зоран Заев и СДС. Од таму велат дека на 15-ти октомври охриѓани ќе ги казнат погубните политики на СДС и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нудат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа