БЕСА ги промовираше кандидатите за градоначалници

 

Движењето Беса ги промовираше кандидатите за градоначалници. Од Тетово, каде што ќе се кандидира, претседателот на партијата, Биљал Касами ги потсети граѓаните дека е дојдено времето да бидат казнети со гласови оние коишто го задушуваа и му го загубија достоинството на универзитетско Тетово. Касами го бара гласот на тетовчани, бидејќи според него, партијата со која тој раководи има конкретни проекти за Тетово и неговите граѓани.

„Со Движењето Беса овој плоштад нема да биде ист. Со проектот којшто го нуди движење Беса и на овој плоштад ќе има можност да се одржуваат состаноци во затворена средина, затоа што нашата визија е плоштадот целосно да биде отворен за граѓаните, со подземни премини и подземен паркинг. Сите проекти што ги нуди Беса ќе бидат за Тетово со достоинство, Тетово со чист воздух, отворени и богати улици, за Тетово кој го заслужува епитетот Тетово – Град на универзитети, цивилизирано Тетово, за урбан и здрав живот”. – изјави Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.

 

 

 

25.09.2017 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега