Коневски: Острово ќе биде побезбедно место за живеење

 

Во населбата Острово, кандидатот за градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, официјално ја почна предизборната кампања за претстојните локални избори. Тој потенцира дека секој ден ќе ги претставува капиталните проекти предвидени во неговата програма за наредните четири години.

-Еден од нашите значајни проекти за наредните четири години во оваа населба е целосна реконструкција на коловозот на улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“). Ќе се отстрани постојниот асфалт и ќе се постави нов асфалт, на потегот од улица „Бојмија“ до булевар „Јане Сандански“ со вкупна должина од 500 метри. Исто така на оваа улица ќе биде поставен и семафор, за подобрување на сообраќајната сигнализација, што значи и поголема безбедност за граѓаните, особено за учениците, бидејќи на оваа улица се наоѓа и училиштето „Браќа Миладиновци“. Токму затоа овој семафор ќе се постави на самата крстосница пред основното училиште, истакна Коневски.

 

Актуелниот градоначалник на Аеродром и кандидат за истата функција од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека покрај улицата ќе биде уредено и зеленилото, а ќе биде изграден и систем за наводнување, како и подземни контејнери, со што целиот овој потег ќе добие сосема ново уредување и населбата ќе стане уште поубаво место за живеење.

 

 

 

25.09.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега