Во Единствениот избирачки список во Косово над 1,8 милиони гласачи

 

На претстојните локални избори во Косово, закажани за 22 октомври, своето право на глас треба да го остварат 1.890.952 лица, колку што се во Единствениот избрачки список.

Како што соопшти Централната изборна комисија, бројот на гласачи е поголем за 18.011 споредено со предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни годинава.

На 21 септември почна едномесечната кампања за локалните избори, на кои ќе учествуваат 91 политички субјект, вклучувајќи една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати за градоначалници или за општински собранија во 38 општини.

Организирањето на изборите, косовскиот буџет ќе го чинат шест односно 10 милиони евра, во зависност од тоа дали ќе има втор круг на гласање.

- Доколку се се реши во првиот круг изборите ќе чинат шест милиони евра. Ако има втор круг на гласање, тогаш изборите ќе чинат 10 милиони евра, потврдуваат од Централната изборна комисија.

Од таму додаваат дека на последните локални избори, од 38 општини дури во 25 од нив бил спроведен втор круг на гласање. 

 

 

 

23.09.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега