Драма во Истанбул: Авион ја промашил пистата и се срушил (фото/видео)

Мал приватен авион во кој патувале четворица се запали откако ја промаши пистата за време на принудно слетување на главниот аеродром „Ататурк“ што беше затворен на кратко по инцидентот, објавија турските медиуми.

Сите четири лица ја преживеаја несреќата, соопшти турското Министерство за транспорт, а новинската агенција „Анадолија“ објави дека двајцата пилоти, стјуардесата и еден патник сами успеале да е извлечат од авионот, но се знае колку се сериозни нивните повреди.

Авионот полетал од аеродромот „Ататурк“ и требало да лета до северниот дел на Кипар, но наскоро било одлучено да се врати назад поради дефект, објави „Анадолија“.

На враќање, ја промашил пистата при слетување и набрзо потоа се запалил.

Засега не е познато која е причината за несреќата.

 

 

 

 

 

22.09.2017 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега