Почивај мирно до твојот единец- пријателите се збогуваат од легендарниот Љубиша

Легендата на југословенската филмска сцена Љубиша Самарџиќ почина на 81-годишна возраст. На друштвените мрежи со емотивни пораки се збогуваат неговите пријатели и колеги.

-Смоки! Почивај мирно, до твојот единец, добра душо. Те чекаат во небеското кино подобри од овие кои ги оставаш. И филмови и луѓе. - напиша на својот Твитер сценаристот Синиша Ковачевиќ.

Од својот колега се збогува и Милена Васиќ.

-Благодарам за секоја лекција, за секоја можност, за сите радости, патувања, за дружењето, смеата... благодарам за она што остана и што ќе го паметиме и ќе се сеќаваме...Ми беше чест...Добра ноќ, Љубиша. - порача актерката.

 

 

 

10.09.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега