Познат скопски „џепарош“ фатен на дело

Познат скопски „џепарош“ и падне во рацете на полицијата. 

44 годишниот Н.И од Скопје Нна 13 месецов, околу 13,00 часот на бул. “Кузман Јосифовски - Питу“ на автобуската постројка под Железничката станица, искористувајќи го невниманието на оштетената при качување во автобус бр.5 на ЈСП, со протнување на рака во чантата која ја носела со себе и одзел женски паричник во кој имало лични документи и банкноти во вредност од околу 2.000 денари.

По извршувањето на кривичното дело пријавениот го напуштил лице местото, но од страна на полициски службеници  бил забележан при што е приведен под сомнение дека поседува предмети кои потекнуваат од кривично дело. Кај пријавениот е пронајден еден женски паричник и истиот е вратен на оштетената заедно со останатите одземени предмети.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Н.И. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против истиот се поднесени вкупно 23 кривични пријави за кои му се изрекувани и соодветни судски казни од надлежен суд.

24.08.2013 - 12:32