Мотика во глава за братучедот - се степале поради коњите во скопско Кучевиште

Смејна тепечка во скопско Кучевиште. Двајца братучеди правдата ја делеле со мотики по банална расправија. Вчера околу 12 часот кај местото викано Бунар во скопското село Кучевиште, двајцата братучеди работеле во соседните ниви. Во еден момент, коњот на 67 годишниот М.Г отишол во нивата каде што биле врзани коњите на неговиот братучед. Во тој момент настанала расправија по што еден од братучедите го удрил другиот со мотика по главата. Овој паднал на земја но ударите со мотиката не престанале. За среќа, М.Г. успеал некако да побенге а случаен минувач со автомобил го префрлил во амбулантата во Побожје од каде бил префрлен во Градската општа болница во Скопје, каде се констатирани тешки телесни повреди на главата. Од МВР го потврдваат случајот и најавуаат мерки за негово расчистување.

24.08.2013 - 11:56

најчитано сега