Ајде да ги бодриме нашите херои - попладнево македонските кошаркари на мегдан против Грција

 

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе игра против Грција, во контролен натпревар, како дел од подготовките за претстојното Европско првентсво во Словенија.

Овој натпревар е еден од трите кои нашите репрезентативци ќе ги одиграат во германскиот град Улм на „Супер купот’’ на кој ќе настапат и домашната селекција на Германија и репрезентацијата на Босна и Херцеговина која ќе биде и еден од противниците на Македонија на Евро-баскетот во Словенија.

Денешниот натпревар Македонија – Грција ќе стартува од 18 часот, а во вториот од 20 часот и 30 минути ќе играат Германија и БиХ.

Утре од 14.30 часот Македонија за противник ќе ја има Германија.

Циклусот контролни натпревари избраниците на селекторот Алеш Пипан ќе ги завршат во недела со дуелот против БиХ од 17 часот.

23.08.2013 - 08:38
Фото: 
Канал 5

најчитано сега