Пожар над пехчевското село Негрево

 

 Гори борова шума над пехчевското село Негрево, под врвот Буковик.

Пожарот е пријавен околу 19:00 часот. Според информацијата од Територијалната противпожарна единица од Берово, пожарот брзо се шири поради сувата трева и ветерот, а зафатена е поголема површина на борова шума. Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи од ЈП „Равна река“ од Пехчево, како и пожарникари од Берово.

Ова е втор пожар ова лето во Пехчевско. Пред една недела изгореа неколку хектари борова шума кај месноста Ормаре.

 

 

 

24.08.2017 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега