Дваесет и осум лица затруени во скопската сендвирачницата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се прегледани двајца пациенти затруени со храна од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија, а стабилна е состојбата на хоспитализираните шест од 26. лица кои завчера и вчера побарале помош откако јаделе во оваа сендвичарница.

- Прегледаните пациенти од сабајлево не се задржани во болница, а со подобрени симптоми во повлекување се претходно примените шест пациенти, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Таму вчера се прегледани 14 пациенти, а само еден е примен на болничко лекување.

Од завчера со симптоми на труење по конзумирање храна од „Седмица“  за преглед на Клиниката се јавиле вкупно 28 лица, од кои тројца се префрлени во ГОБ „8-Ми Септември“.

Сендвичарницата е затворена, а по налог на Санитарната инспекцијата треба да се изврши нејзино темелно чистење, како и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, како и брисеви од работната површина и од вработените. Резултатите од микробиолошките анализи, според најавите, треба да бидат готови  утре. 

 

 

 

20.08.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега