Изгубил контрола и удрил во бандера - младо момче донесено на скопските Клиники

22-годишниот Б.К. од Гостивар, вчера околу 23 часот  управувајќи мотоцикл „Хонда“ на улицата „Илинденска“ во Гостивар излетал од патот и удрил во бетонска ограда. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

19.08.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега