Страшна сообраќајка попладнево во Македонија: Двајца загинаа, двајца повредени
Две лица загинаа, а уште две се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево околу 16 часот и 25 минути се случила на регионалниот пат Тетово - Јажинце на просторот помеѓу селата Одри и Беловиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите првични информации, во посочениот период директно се судриле Лада 1500 со тетовски регистарски таблички управувана од 76-годишниот С.Г. од Глоѓи и Опел Вектра, исто така, со тетовски регистарски таблички управуван од 43-годишниот С.Б.од Старо Село.
- Од судирот на двете возила возачот на Ладата се здобил со повреди од кои починал на самото место додека неговата сопруга Т.Г. која била сопатничка починала во возилото на Брза помош на пат кон тетовската болница. Возачот на Опелот и неговиот сопатник и соселанец Р.С. (24) се здобиле со телесни повреди во судирот и двајцата биле префрлени во Тетовската болница. По укажаната помош возачот бил задржан за лекување додека сопатникот бил пуштен на домашно лекување, посочи Јосифовски.
Во моментот на местото на несреќата се врши увид од јавен обвиунител и екипа на СВР Тетово за утврдување на причините поради кои дошло до сообраќајката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа