Познат идентитетот на прегазената жена во Дебар Маало

Шеесет и девет годишната М П. од Скопје е жената која утринава беше прегазена во близина на Министерството за култура во Дебар Маало.

Како што претходно објавивме, жената од добиените повреди починала на лице место.

Несреќата се случила во момент кога 45 годишниот скопјанец Т.Н. со товарно возило се враќал наназад, по што со задните тркала ја прегазил жената.

Полицијата на местото на несреќата изврши увид и работи на нејзино расчистување.

 

 

 

 

 

17.08.2017 - 14:36
Фото: 
Социјални мрежи

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега