Моторциклист тешко повреден откако удрил во паркирано возило на пат кон Злетово

Утрово во 02 часот и 15 минути на регионалниот пат Пробиштип-Злетово се случила сообраќајна незгода во која 24- годишниот Ј.М од Злетово, управувајќи мотоцикл „Аурора“ без регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „Нисан Алмера“ со штипски регистарски ознаки сопственост на 28- годишен С.Д од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

По незгодата тој бил пренесен во Клинички центар Штип, а потоа бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Пробиштип.

 

 

 

17.08.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега