Тепачка во скопски ресторан: 22- годишно момче удрено со стаклен пепелник

Вчера околу 16,00 часот во ресторан на улица „Босна и Херцеговина“ во Скопје настанала тепачка помеѓу шест непознати лица.

Во тепачката едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето 22- годишниот Н.Н од Скопје во пределот на десното око. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде бил препратен во Клинички центар „Мајка Тереза“.  

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

17.08.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега