Манасиевски: Место да оди на ручеци и забави, министерот Спасовски да излезе пред јавноста и да објасни што се случи во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дисусиите, на денешниот панел насловен „Младите сакаат безбедна иднина“, говореше Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска младите зборуваа за немилиот настан кој што се случи во Струмица, каде полициски службеник пукаше во малолетно дете. Тој го осуди овој чин и како што кажа се надева дека во краткото време додека СДСМ е на власт ќе престанат овие настани.

-Кога и да излезам надвор, јас наместо да се чувствувам безбедно на улица или било каде да одам, јас треба да се плашам од полицијата. Едноставно ова треба да престане додека не е ни почнато, министерот Оливер Спасовски треба да излезе на прес и да го објасни ова што се случи, а не како што гледаме преку социјалните мрежи, тој си оди на ручеци, на забави, треба да излезе пред јавноста, да објасни што се случило, да ги најде сторителите и тие да си ги сносат последиците, изјави Манасиевски.

Тој побара реакција од средношколскиот и студентскиот пленум, кој за екстерното тестирање беа доста бучни, а сега никаде ги нема.

-Беа толку собрани за екстерно, а сега ги нема никаде кога се бори дете за својот живот. Сакам да упатам апел до Средношколскиот пленум да го осуди овој чин, а не само да го навредува ВМРО-ДПМНЕ, туку да видат што поддржуваат, да ја видат реалноста, да видат каква влада поддржуваат што е денеска на чело на Македонија. Едноставно сум згрозен од овој чин и се надевам дека во најскоро време ќе биде осуден и од министерот и дека ќе се реши овој настан што поскоро, изјави Мансиевски.

 

 

 

 

15.08.2017 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега