Хорор во Велес: Силувана жена со заостанат психички развој

Четириесет и осум годишната велешанка Т.К. била силувана откако непознато лице влегло во домот преку незаклучена врата.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 6:30 часот.

Сторителот во домот влегол преку незаклучената врата, а потоа во собата во која се наоѓале Т.К. и нејзиниот татко, двајцата со заостанат психички развој, по што го извршил силувањето.

По наредба на јавен обвинител врз жената е извршен лекарски преглед, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

 

14.08.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега