Александрова: СЈО работи на политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ за да го наруши рејтингот на партијата
Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СЈО бил инструмент за политички притисок врз нејзината партија и дека работело надвор од сите законски утврдени стандарди, а единствен стандард бил да се реализираат политички нарачаните обвиненија.
– СЈО се однесува како за него да не важат Уставот и законите на Република Македонија. СЈО работи под политички диктат. Нивна цел е политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го нарушат рејтингот на партијата во очи на претстојните локални избори. СЈО е единствениот адут во рацете на Зоран Заев, кој има очајно слаб рејтинг помеѓу граѓаните. Тие се фрапирани од неговиот антидржавнички однос. Потпишувањето на договорот со Бугарија, кој во повеќе точки е во спротивност со македонските национални интереси, шверцерскиот начин за протнување на законот за јазиците, партизацијата на државаниот апарат и неспособноста да се справи со секојдневните проблеми на граѓаните се само дел од хаосот и неизвесноста во која Заев и бандата околу него ја туркаат државата, изјави Александрова.
Според неа, целото делување на СЈО во предизборниот период имало за цел уривање на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и носење на власт на СДСМ кои, како што кажаа Александрова, имале задача да ја реалзираат антидржавната агенда.
– Случаите ТНТ, Траекторија и другите случаи монтирани случаи насочени кон претседателот Никола Груевски. Катица Јанева сака да создаде слика во јавноста дека Никола Груевски и Зоран Заев се ист профил на личност. Мисли дека криминалецот Зоран Заев нормален и прифатлив за јавноста ако сите останати неосновано ги оцрни. Граѓаните можат да видат дека целата хајка против ВМРО-ДПМНЕ е политичка режија која треба да и одземе гласови на партијата. Јавноста виде дека димната завеса СЈО ја создаваше за да му отвори терен на СДС да го сокрие кршењето на законите на Република Македонија, рече Александрова.
Таа додаде дека СДСМ и СЈО и сите прекршители на законите, мотивирани или принудени од нив, требало да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биле ревидирани и исправени сите одлуки на СДСМ.
– Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминилите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, заврши Александрова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа