Илиоски: СДС врши континуиран притисок врз македонското правосудство
СДС врши континуиран притисок врз македонското правосудство. На СДС му требаат партиски судови, кои ќе работат по насока на Заев за да ги покриваат своите антидржавни политики, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната прес-конференција.
-Одлуката на Апелациониот суд за укинување на одлуката на основниот суд со која не се прифаќаат прислушкуваните разговори за доказ во постапка, и враќањето на предметот во повторно одлучување во првостепена постапка не значи дека криминалот на Заев е легализиран и дека монтираните незаконски стекнати материјали, СЈО може да ги користи во натамошната постапка. Незаконски прислушуваните материјали кои ги монтираа обвинетите од злосторничкото здружение опфатено со предметот Пуч, не се и не може да се користат како докази во никаква правна постапка. Буквално во никаква, па дури ни во политички монтирани случаи какви што води СЈО, истакнува Илиоски.
Тој посочува дека одлуката на Апелациониот суд за укинување на решението на основниот суд се коси со правната логика бидејќи го игнорира член 12 став 2 од Законот за кривична постапка, кој вели дека нелегално стекнати докази неможат да бидат земени како доказ во судска постапка.
-Одлуката наа Апелациониот суд е димна завеса за замајување на јавноста и одвлекување на вниманието на граѓаните од вистинските злосторници, Заев и Верушевски, кои беа амнестирани од одговорност од страна на политичкото обвинителство СЈО. Одлуката на Апелација, предметот по жалба да се врати на првостепениот суд, апсолутно не значи озаконување на криминалот на Заев и Верушевски и верификување на монтираните разговори. Одлуката значи дека првостепениот суд треба повторно да одлучи и да се произнесе по жалбата од СЈО, а веќе еднаш овој суд согласно закон кажа дека незаконските материјали не може да се користат во постапка, нагласува членот на Извршниот комитет на партијата.
Со објавување на одлуката, вели Илиоски, се покажа дека соопштението со кое што Апелација ја информираше јавноста е повеќе политичко и со намера да дезинформира и да креира простор за политички притисок врз судовите.
-Политичкото соопштение на Апелација, донесено под политички притисок, беше експресно пренесено од медиумите под контрола на СДС, со една единствена цел, создавање на хаотична слика во јавноста и создавање чувство на несигурност кај граѓаните во правниот систем, со јасно упатена порака дека сите треба да играат по нотите на СДС доколку сакаат да не бидат прогонувани. Соопштението имаше цел да отвори простор за дополнително оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ како партија и нејзините функционери.Политичкиот притисок кој се врши врз Апелациониот суд има за цел и прикривање и дефокусирање на јавноста од сите штетни одлуки на СДС во очи на претстојните локални избори, кои соочени со катастрофелниот рејтинг помеѓу граѓаните, па единствен спас гледаат во атак на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потсетува правосудните органи и државните институциите дека треба да работат исклучиво согласно Устав и закон и никако поинаку. Сите инволвирани во незаконското донесување одлуки, под притисок на СДС или било кој друг, треба да знаат дека со демократските промени во Република Македонија и враќањето на правната држава и владеењето на правото ќе има одговороност за секое незаконско работење, истакна Илиоски на денешната прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа