Ѓорѓиевски: СДС наместо да исполнува туѓи агенди и да ја претвора државата во бегалски камп, да почне да работи за доброто на сопствените граѓани

Владата на СДС на чело со Зоран Заев и Мила Царовска, со стратегијата за интеграција на бегалци и мигранти од транзитна држава Македонија ја прават земја прифатен камп за постојано населување на стотици илјади мигранти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата има обрврска да ги штити и да се грижи за граѓаните на Република Македонија а не државата да ја претвора во бегалски камп. Трајното вдомување и згрижување на мигранти од така наречената „Балканска Рута“ е дел од Стратегијата за мигранти и бегалци 2017/2027 која ја предложи министерката Царовска, а ја усвои владата на чело со Зоран Заев и истата е штетна за Република Македонија, нејзиниот економски развој и демографска слика. Стратегијата предвидува државата да обезбеди бесплатно домување, образование, здравствена заштита на грб на граѓаните кои кратат од домашните буџети за да ги платат даноците и исполнат своите обврски кон државата, во услови кога голем дел од граѓаните немаат свој сопствен дом и работно место, истакна Орце Ѓорѓиевски.

СДС, подвлече тој, наместо да исполнува туѓи агенди треба да почне да работи за доброто на сопствените граѓани. Граѓаните очекуваа плата од 30 илјади денари, докторите од 100 илјади денари, студентски град, а не мигрантски камп во Дојран и Прилеп.

-Мила Царовска и владата на СДС планира да скрати од иднината на нашите деца за да вдоми луѓе со сомнително потекло како и сомнителни намери. За штетноста на оваа Стратегија говори доволно шверцерскиот начин на кој владата на СДС планира да го направи официјална стратегија на Македонија за справување со бегалците и од транзитна држава да ја направи држава домаќин на повеќе од 200 илјади мигранти. Неодговорноста и неспособноста одамна се клучни зборови со кои најдобро може да се дефинира оваа непрофесионална збирштина од влада. Влада која не може да се справи со една базична природна непогода како шумски пожар си дава за задача да се грижи за дополнителни 200 илјади луѓе, а е неспособна да се грижи за оние луѓе кои веќе се наши граѓани, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Прилепчани, Дојранчани, Стружани, Штипјани и граѓаните од цела Македонија. Албанци, Македонци, Срби, Роми, Бошњаци и Турци без разлика на вероисповест и националност се едногласно против населување на стотици илјади мигранти кои ќе придонесат за промена на демографската карта на Македонија. Како и против тешко спечалените пари кои преку даноци ги инвестирале во иднината на своите деца да се користат за мигрантски кампови, станови, здравствени услуги и образование на странци. Цената за овој арогантен и игнорантски однос владата на СДС набрзо ќе ја плати на локалните избори на 15-ти октомври. Сите задкулисни и матни игри преку кои СДС креира штетни политики за граѓаните на Република Македонија кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги ревидира и укине, а тоа ќе се случи набрзо“.

 

 

 

11.08.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега