Ристески: Наследивме најзапоставена и најзаостаната општина, денес Прилеп е подостојно место за живеење и пример за другите општини

Општина Прилеп пред 12 години, пред оваа локална самоуправа, беше една од најзапоставените и најзаостанати општини во секој поглед. Превзедовме општина со над 60 проценти неасфалтирани улици, во населените места речиси и на немаше насфалтирани улици, без соодветни канализациони системи, град најпроблематичен со водоснабдување, училишта во кои и по еден век немаше ништо инвестирано, без нови капацитети во градинките, централно градско подрачје кое беше срам за сите нас, а не репрезентативен дел од градот, истакна Марјан Ристески на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Подобри и различни: Инвестираме во локалната самоуправа“

-Нашата задача и цел беше Прилеп да го претвориме во едно подостојно место за живеење, не само за жителите во градот, туку и во населените места. Да ги искористиме сите атрибути кои ги има градот да ги претвориме во преубави проекти и да најдеме начин како од едно запоставено место да го воздигнеме Прилеп во место кое ќе биде гордост, не само за прилепчани. Се посветивме за голем број капитални проект кои значат нормализирање на животот во Прилеп, негов развој со што градот е своевидна мека за голем број домашни и странски инвеститори кои доѓаат да го посетат градот и се информираат за нивни евентуални инвестиции, цели градоначалникот Ристески.

Во своето излагање тој детално ги објасни сите спроведени проекти во градот како: обезбедување на услови за влез на инвеститорите во индустриските зони со што се намалила невработеноста во градот, пособрување на водоснабдувањето на Прилеп, асфалтирање на околу 200 километри улици во градот и околните места, уредување и изградба на нови паркови, замена на уличните светилки со цел поголема заштеда и голем број други проекти.

Деталите за сите проекти спроведени во градот под Марковите кули може да ги погледнете во видеото во продолжение.

 

 

 

10.08.2017 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега