ВМРО-ДПМНЕ - партија која обединува, за прв пат 4 муслимани во Извршниот комитет на партијата

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела изгласа нов состав на Извршниот комитет. Општата и стручната јавност со првични реакции дека во новиот состав гледаме спој на млади и амбициозни, со искусни и докажани кадри во партиските тела и органи. Анализата која ја направи Прес 24 покажува дека новиот состав на ИК се одликува и со инклузивност на етнички заедници и поголемите религиски групи во државата. за првпат во историјата во највисокот партиско тело се инкорпорирани 4 лица од муслиманска вероисповест.

Од партијата а Груевски велат дека инклузивноста на етничките и верски заедници во Македонија и идејата за мултиетничко и мултикултурно општество се континуирани вредности на кои ВМРО-ДПМНЕ се потпира и во кои верува и дека е логично овие вредности да добиваат и поголема појавна форма и да се преточуваат во  внатре партиската кадровска политика.

забележливо е дека во новиот состав на Извршниот комитет за прв пат имаме 4 лица кои се од муслиманска вероисповест: Немрин Теловска, Сеад Солаковски, Арменд Незири и Зекир Рамчиловиќ.

Овие лица се одликуваат со професионално искуство во нивната работа, а во нивните биографии се забалежуваат позитивни карактеристики, кои би требало да придонесат во новите партиски политики на ВМРО.

Експертите велат дека ова е квалитативен исчекор на Груевски. Додаваат дека на овој начин на дело се демонстрира отвореност кон граѓаните од муслиманската вероисповест, но и се создава можност за поголема подршка на конзервативната народна партија од муслиманските гласачи. Сметаат дека ова е дел од новата реформација на партијата, односно осврнување на една значајна тема која досега беше под вел на стереотипи.

Политичките аналитичари сметаат дека најголемата политичка партија допирните точки со муслиманското гласачко тело, и можностите за поголема соработка со истото ги гледа во определени вредности кои се заеднички за двете групации, а пред се почитувањето на традиционалните вредности, религиозноста, почитувањето на бракот како заедница помеѓу маж и жена...

Каде се наоѓа врзивното ткиво на ВМРО  со граѓаните од исламска вероисповест можеби најдобро објаснува Нермин Теловска која по втор пат има мандат во врвното извршно тело на партијата.

Се грижиме за одржување на јавниот морал и традиционалните вредности преку развој на свеста. Возвишен принцип за нас е кога човекот се однесува морално и според општествено прифатени норми, не заради присила, туку заради развиената свест за значењето на човекот, семејството и нацијата, вели Теловска.

Ниту јас ниту останатите членови на ИК, како припадници на различните етнички заедници, не сакаме да бидеме само квоти, туку вистински да работиме, да предлагаме јасни програми за работа, да предлагаме решенија поврзани со самоопределувањето, малцинските права, верската автономија и добра интеркултурна комуникација. Перспективата ја гледаме во мултикултурна, унитарна, суверена држава, без фаворизирање на било кои етнички заедници, што би довело до маргинализирање на други етнички заедници на сметка на помалиот процент на застапеност, истакнува членот на Извршниот комитет.

ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно покажува нова енергија во реализацијата на една крупна цел, а тоа е доближување и градење на мостови на соработка и партнерство со муслиманската заедница во Република Македонија. Во минатото партијата на Груевски покажа поголем интерес и инклузивност на Македонците со муслиманска вероисповест, што беше видливо од промовирањето на лица од оваа заедница на значајни државни позиции и интензивното инвестирање во регионите каде што живеат македонците муслимани.

Отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните со муслиманска вероисповест само ја покажува намерата на партијата за постигнување на целосно национално единство на сите граѓани во Република Македонија, независно од нивната религија, националност или друг вид на определување.

Во продолжение се дел од биографиите на новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои се од муслиманска вероисповест.

Нермин Теловска останува член и во новиот состав на Извршниот Комитет - ИК на ВМРО-ДПМНЕ, таа е родена во Скопје, 1965 година, мажена и мајка на две деца.Има одбрането две магистратури, магистер е по логопедија и магистер по компаративна јавна администрација.Единствен европски клинички специјалист за дисфлуентни нарушувања на говорот во Македонија.Претседател на Одборот на логопеди во Македонија.Член на Интернационалната асоцијација за брзоплет говор во Мисури - САД. Во својата професионална кариера како логопед, има многу стручни престои, учества на конференции и предавања, надвор од државата, како во Лондон, Даблин, Антверпен, Бенцхајм, Софија, Порторож, Загреб и други.Поборник е за правата на жената, правата на децата, правата на малцинствата, на лицата со попреченост како и на стручните лица кои работат со лицата со говорно јазични нарушувања. Но, исто така, таа се залага за здрава природна средина, здрав животен режим, спортување  и здрава исхрана.

Нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е и претставникот на бошњачката заедница, Зекир Рамчиловиќ. Зекир Рамчиловиќ по потекло е од Санџак и е магистар на Институтот за географија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’. Тој поради огромната желба за стекнување со знаење го продолжил своето образование и се запишал на  магистерски студии по Османистика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Тој својата политичка кариера ја започнал во невладиниот сектор како активист кој се борел за човечкови права, образование, култура и животната средина како и инклузивност на бошњачката заедница во Македонија. Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ учествувал на 37 домашни и меѓународни симпозиуми, конгреси, семинари и трибини. Резултат на тоа се повеќе од триесет научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија, како и на десет рецензии и прикази. Досега објавил две книги „Бошњаците во Македонија во текот на XX век со посебен акцент на културата и просветата“ и „Poznati Bošnjaci Makedonije“.

Сејад Солаковски, македонец муслиман од струшкото село Лабуништа, е исто така член на новиот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во своето родно место е високо почитуван како професионалец, но и како човек. ВМРО-ДПМНЕ важи за партија која почитува луѓе стручњаци и интелктуалци и луѓе кои со својот интелектуален капацитет можат да придонесат за партијата како и за државата. Сејад Солаковски своето образование го има завршено на Медицински Факултет во Плевен, Република Бугарија, а се стекнал со звање доктор по општа медицина. Во моментов е вработен во ПЗУ Поликлиника МЕНИКС Лабуништа и како матичен лекар опслужува над 2000 граѓани. Истакнат е како активен допринесувач во културниот, спортскиот и општествениот живот во Лабуништа. Еден од основачите и е многу активен во второлигашот ФК Лабуништа и доктор на екипата. Поминал доста обуки од сверата на медицината со цел своја надоградба но исто така поминал и неколку меѓународни обуки како таа во Кипар во 2016 година за развој на меѓународната соработка и онаа во Мадрид Шпанија која беше насочена на развој на соработката со медитеранските земји во Европските програми и проекти. Доктор Сејад е човек кој ја почитува религијата но и слободата на говорот и убедувањето. Тој е верник колку што тоа времето и професионалната кариера го дозволуваат. Смета дека верата и семејството се клуч на создавање на здраво семејство а татковината е се што имаме, и тоа е она што најмногу го спојува и со целите и идеалите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Армен Незири, од село Долно Косоврасти, Дебарско и истотака е дел од  новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Токму во своето родно село од 2010 година ја работи една од најблагородните работи, професор во локалното училиште. Со своето образование се стекнал на на Универзитето ФОН, каде се стекнал со звање  Дипломиран професор по Англиски јазик и литература. Армен Незири покрај работата како професор во Мај 2011 станал постојан судски преведувач од македонски јазик на италијански и обратно, а во Ноември 2016 постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно. Покрај италијанскиот и англискиот јазик Армен Незири течно го говори и албанскиот јазик.

 

 

 

09.08.2017 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега