Страшна сообраќајка во Скопје - едно лице тешко повредено

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди, од кои во две со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а седум поминале само со материјална штета. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле двајца возачи и тројца сопатници.

Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот. Десет возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а седум возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети две возила.

 

 

 

09.08.2017 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега