Силна експлозија во Црна Гора - искршени стакла насекаде

Експлозивна направа со силна разорна моќ одекна утрово околу три часот во бизнис зграда во Подгорица, јави РТЦГ.

Според телевизијата, зградата се наоѓа во близина на Црквата на Христовото воскресение во Подгорица.

Во експлозијата нема жртви, но е причинета голема материјална штета.

Од силната експлозија искршени се стакла на околни згради и оштетни се неколку автомобили.

Според телевизијата Вијести, станува збор за експлозија на рачно изработена бомба „што ја фрлиле едно или повеќе лица“.

Експлозијата, која се слушнала дури и во поодалечените населби на Подгорица. предизвикала паника меѓу населението.

Во тек е увид на местото на настанот од страна на тимови на црногорската полиција.

Врз објект во истата деловна зграда бомба беше фрлена и во ноенври 2016 година.

 

 

 

09.08.2017 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега