Изгубил свест, па починал: Нова жртва на жештините во Романија

Романскиот весник „Романиа либера“ денеска јави за нова жртва на жештините во земјата. Весникот пренесе дека 52-годишен жител на источниот романски град Галац изгубил свест на локалните гробишта и подоцна починал во болница од термички шок заради изложување на високите температури, јави портпаролот на Дирекцијата за јавно здравје во градот.

Ова е прва жртва на горештините во округот Галац, но со другите три смртни случаи од последните денови се смета дека горештините доведоа до влошување на состојбата со хроничните заболувања.

Според локалната служба за итна помош, во последните 24 часа во болниците биле примени девет лица на возраст меѓу 12 и 80 години, откако претходно ја загубиле свеста поради високите температури.

До крајот на минатата недела, горештините во Романија предизвикаа смрт на шест лица. 

 

 

 

08.08.2017 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега