ВМРО-ДПМНЕ обвини за партиски вработувања во Министерството за култура

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во тимот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски за специјален советник за култура на Алаѓозовски е именуван Златко Теодосиевски кој, според нив, е уште еден партиски војник поставен на функција. 

- Теодосиевски, исто како и Грчев, Ѓунер Исмаил, Сашо Тасевски и останатите, стана дел од тимот за лечење фрустрации во културата преку сеење омраза, воден и координиран од Роберт Алаѓозовски и неговите сталинистички методи за пресметка со неистомислениците. Златко Теодосиевски во својот најнов текст поплука врз споменот на Тоше Проески и Мајка Тереза, згрозен што Македонија решила да им оддаде почит на овие великани преку изградба на музеи, изјави пред Министерството за култура Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Теодосиевски кој во својот творечки опус немал ништо освен навредливи колумни и еден негативен извештај од времето кога бил директор на Националната галерија, сега е, вели, лут на починати реализирани и светски признати уметници од Македонија и се противи, додава, против тоа што нивното дело е достојно уважено од Република Македонија.

- За ваквото неспособно делување наскоро ќе следи политичка одговорност, а за незаконското работење и кривична, вели Милошевски.

 

 

 

04.08.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега