Неколку нешта кои успешните луѓе ги прават пред спиење

Како што старееме , толку повеќе сфаќаме колку е важен  добриот ноќен сон.

Експертите од Националната фондација за спиење тврдат дека осум часа сон се доволни  за возрасни.Ако сте во можност да добиете толку  му давате на  вашето тело шанса да се опушти и надополни , и ќе можете  совршено да си ги поставите  предизвиците за следниот ден.


Сите знаеме колку е тешко да се помине денот на работа кога сме имале лоша ноќ. Ако не можеме доволно да се фокусираме значи дека не можеме да функционираме со нашиот целосен потенцијал. Лишувањето од сон стана голем проблем на работното место во последните неколку години.

Очигледно, сите сакаме да бидеме успешни колку  што е можно повеќе во нашата работа . Сепак, континуираниот  недостиг на сон ја намалува нашата продуктивност. Еден разумен начин за решавање на ова е да се разгледа вашата рутина на спиење и дали ќе може да ја промените.

Еве неколку работи кои успешните луѓе ги прават пред спиење

1.Тие го планираат спиењето – Ако направите распоред на легнувањето ќе бидете сигурни дека ќе добиете доволно часови сон.

2.Го исклучуваат интернетот-Сите знаеме како 5 минутно гледање во профилот на фејсбук може да се претвори во половина час, а и светлото од компјутерот или телефонот му пречи на телото пред спиење.

3.Медитираат -Докажано е дека медитацијата го подобрува ноќното спиење, бидејќи ни помага да си го избистриме умот од стресниот работен ден.

4.Си го подготвуваат појадокот-Појадокот е најважниот оброк во денот и не треба да се прескокнува.

5.Прават прошетки

6.Не пијат алкохол

7.Имаат строга хигиенска рутина

8.Ги запишуваат секојдневните обврски

 

 

 

27.07.2017 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега