Совети во случај на давење и потопување во вода

Се апелира до граѓаните за капење да ги користат уредените места за капење кои се под надзор, а не реките или езерата, на места каде што не е дозволено капење.

Не пливајте најмалку еден час по оброкот или доколку сте пиеле алкохол. Не влегувајте загреани во вода за да избегнете опасност од шок поради нагла промена на температурата и не скокајте во вода со непозната длабочина. Ако скокате, скокајте на нозе, а не на глава. Не капете се на осамени места и децата држете ги на око.

Доколку ви се случи некој немил настан, неопходно е да не паничите и што е можно повеќе да се опуштите и да пловите на површина на вода.

 

 

 

 

25.07.2017 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа